• Мартин Танасковски
Украина У21 е последниот полуфиналист на Европското првенство (ЕП) за младинци кое се игра во Романија и Грузија откако го совлада фаворитот Франција У21 (1-3). Мечот на стадионот во Клуж беше супер-возбудлив, а понуди четири гола и беше вистинско уживање за фановите на трибините.
Французите зададоа удар во 19. минута и дојдоа до предност преку Черки, а потоа Украина доживеа уште два шока, затоа што ѝ беше поништен гол. Моментот се случи во 23. минута кога Крискив ја смести топката во мрежата, но имаше офсајд.
Сепак, во 32. минута тимот доби пенал со ВАР по прекршок врз Мудрик, кој во гол го претвори Судаков и изрмани на 1-1, а потоа по една статива на Баркола од Франција, Мудрик феноменално асистира до Судаков во 44. минута и тој со својот втор гол донесе пресврт.
Mudryk to Osimhen, Jackson or Nkunku next season, I can see it pic.twitter.com/oIGqkRV6aC
— Johyan (@JohyanCruyff) July 2, 2023
Во 81. минута Французите дадоа гол преку Вахи, но беше поништен со ВАР, а откако тимот се отвори, Бондаренко стави точка на триумфот на Украина.
Украинците во полуфиналето на Европското првенство ќе игра со селекцијата на Шпанија У21. Второто полуфинале го сочинуваат репрезентациите на Англија У21 и Израел У21.