• Горан Упале

Повратникот во елитното фудбалско друштво, Скопје и официјално го назначи Муарем Муарем за нов шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим. По заминувањето на Александар Таневски, раководството на „пиратите“ брзо најде решение за тренерската позиција и довербата му ја укажа на 37-годишниот стратег.
Муарем на клупата на Скопје пристигнува по минатосезонскиот ангажман во Работнички, а во својата досегашна тренерска кариера ги предводеше и екипите на Гостивар и Башкими.
Многу веројатно негов прв помошник ќе биде искусниот Јасмин Мециновиќ. Ветеранот би требало да има двојна улога во клубот, односно покрај функцијата помошен тренер, ќе биде и активен фудбалер во составот на „пиратите“.




