• Иван Димовски
Српскиот селектор Драган Стојковиќ - Пикси беше еден од главните заговорници во „битката“ против ФИФА за на Мундијалот во Катар секоја репрезентација да може да смета на 25 фудбалери.
Тогаш Пикси ја доби поддршката од колегите и Светската фудбалска асоцијација попушти, а сега на ред дојде и Европската. Имено, Србинот има барање до УЕФА за на претстојното Европско првенство да се прифати исто така секоја селекција да има право да пријави 25 имиња.
Сегашната бројка која УЕФА ја потврди во октомври е 23 фудбалери, односно 20 играчи и тројца голмани. Останува да видиме дали и Европската фудбалска федерација ќе попушти под притисокот на репрезентациите и ќе дозволи промена.