Му украл автомобил на соиграч и бегал во луда полициска потера, па доби отказ

Неверојатна приказна доаѓа од Италија, во која централна фигура има млад фудбалер на Судтирол, клуб кој се натпреварува во тамошната Серија Б. 

Во центарот на ситуацијата е Амнеј Мутасиме, кој има 19 години и настапува како напаѓач. Ова младо момче кое е по потекло од Мароко има и италијанско државјанство, а направи вистински хаос по улиците на малиот град под Алпите. 

Имено, Мутасиме украл автомобил од свој соиграч, па кога полицијата го забележала не сакал да застане. Напротив, фудбалерот нагазил на гас и бил дел од луда полициска потера по улиците на градот возејќи и побрзо од сто километри на час. Кога конечно го фатиле, полицајците утврдиле дека тој нема ниту возачка дозвола. 

Поради ваквото однесување Судтирол веднаш му врачи отказ на Мутасиме, кој кариерата ќе ја продолжи во германскиот петтолигаш Вилинген. Инаку, тој мина неколку години во младинските категории на Фрајбург, а во Судтирол дојде минатото лето.