ВИДЕО: Му скокна на другарот ривал на грб, доби црвен и – прсна во плач!

Дербито меѓу Лацио и Интер во Серија А (3-1) донесе повеќе интересни моменти, а еден од оние кои се најде во фокусот на вниманието е црвениот картон на Луис Фелипе.

Играчот на лацијалите на крајот на натпреварот реши да направи потег за кој доби бизарно исклучување. Му скокна на грбот на Хоакин Кореа, сегашен играч на Интер, а негов добар другар и соиграч од деновите во Лацио.

Кореа го оттргна Фелипе затоа што по скокот немаше поим кој е зад него, а судијата Ирати му покажа директен црвен картон. Иако играчот на Лацио се правдаше дека потегот бил за да го развесели тажниот пријател поради поразот, сепак, немаше милост.

Луис Фелипе во неверување дури и прсна во плач, но и тоа не му помогна кај Ирати.

Состави

Маурицио Сари

4-3-3

    Симоне Инзаги

    3-5-1-1