„Му симнувам капа на Адеми, по сè што мина во кариерата – не очекував...“

Луис Ибанез се смета за еден од странците кои оставија најдлабоки траги во хрватскиот клупски фудбал. Со 185 натпревари во дресот на Динамо Загреб и капитенска лента во еден момент, тој дефинитивно ќе влезе во историјата на хрватскиот клуб, кој моментално го живее својот сон.

Во интервју за „germanijak.hr“ аргентинскиот интернационалец говореше на многу теми, меѓу кои и за нашиот голем борец Аријан Адеми, кој своевремено му беше соиграч во редовите на „модрите“.

„Супер сме приватно и сè уште се слушаме, но верувајте ми, не очекував дека ќе се врати на ова ниво, по сè што му случи во кариерата. Тој се врати уште посилен. Аријан е ментално неверојатно силен лик, му симнувам капа за сè што направи. Тој е многу подобар играч сега отколку кога игравме против Виљареал. Тој е срце и капитен на тимот, ја води групата и надвор и од теренот“, рече Ибанез.

Инаку, и Ибанез и Адеми пред единаесет години со Динамо Загреб играа против Виљареал, противнк против кој хрватскиот тим ќе брка историско полуфинале во Лига Европа.