• Мартин Танасковски
Раните минути од дербито меѓу Арсенал и Челзи кое заврши со победа на „топџиите“ од 2-1 донесоа ситуација која предизвика бројни дебати меѓу навивачите и фудбалските аналитичари и која можеше да го смени текот на целиот натпревар.
Во петтата минута, по голема мешаница во шеснаесетникот на Челзи, дефанзивецот на Арсенал, Габриел Магаљаеш, во обид да стигне до топката со копачката го удри голманот Емилијано Мартинез во лицето. Судијата Крис Кавана веднаш досуди прекршок во напад, но не покажа ниту жолт, а камоли црвен картон. ВАР ја провери ситуацијата и не интервенираше.
How this was not a foul? Gabriel kicking Martinez on head, should have been straight RED. #ARSCHE pic.twitter.com/5icTyXMmh9
— The Final Whistle (@Rufus_45) September 6, 2026
Токму тоа ја отвори дилемата: Дали Габриел требаше да биде исклучен? Според објаснувањето кое се појави во англиските медиуми, ВАР проценил дека станува збор за обид за игра со топката во хаотична ситуација, а не за насилен старт или намерен удар кон противникот. Поради тоа инцидентот не бил оценет како сериозен прекршок и одлуката на главниот судија останала непроменета.
Сепак, мислењата остануваат поделени. Дел од навивачите и поранешни судии сметаат дека контактот со копачка во лицето, без оглед на намерата, можел да биде санкциониран многу построго. Други, пак, истакнуваат дека Габриел бил на земја и се обидувал да ја одигра топката, па затоа жолт картон или исклучување би биле престрога казна.
Факт е дека Арсенал помина без поголема санкција во тој момент, а дебатата дали Габриел доби „помилување“ веројатно уште долго ќе биде тема меѓу љубителите на англискиот фудбал.

