ВИДЕО: Му падна камен од срцето на Коку – Руни со спектакуларен гол донесе прва победа за Дерби!

Британските медиуми веќе извесен период пишуваат дека Филип Коку ќе биде првата менаџерска жртва во Чемпионшип, затоа што неговиот Дерби Каунти по првите три одиграни кола запиша три порази, со катастрофален скор од осум примени гола и само еден постигнат. 

Но, попладнево како да му падна камен од срцето на холандскиот стратег, затоа што неговите момци конечно стигнаа до посакуваната победа во второто по ранг натпреварување во Англија. А, херој на „овните“ беше легендарниот Вејн Руни.

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и Англија уште еднаш покажа дека е голем фудбалски мајстор и во самиот финиш (87. минута) со спектакуларен гол од слободен удар обезбеди први бодови за својата екипа во новата сезона. 

  • Голот на Руни против Норич:

„Канаринците“ можат да жалат што со наведната глава го напуштија „Кероу Роуд“, не само затоа што беа далеку подобриот противник, туку и поради промашениот пенал на Пуки во 52. минута.