• Горан Упале
Радомир Ѓаловиќ е разрешен од должноста главен тренер на Ријека, официјално објави клубот. Поранешниот напаѓач на „белите“, па помошник тренер, а од почетокот на минатата сезона шеф на стручниот штаб, ја заврши својата епизода на клупата на прволигашот од Риека по 52 натпревари за нешто повеќе од една година.
Во тој период, Ријека ја освои шампионската титула по вторпат во историјата на клубот, на што го додаде и трофејот од Купот на Хрватска и обезбеди место во групите од Конференциската лига.
Како главен тренер на Ријека, Ѓаловиќ го водеше тимот во 52 натпревари, остварувајќи 23 победи, 15 нерешени и 14 порази. Нов тренер на Ријека треба да биде Виктор Санчез, 49-годишен Шпанец, до неодамна предводник на Олимпија Љубљана.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




