Му донесе преку 500 милиони евра на Салцбург, па го одби Челзи

Спортскиот директор на австриски Салцбург, Кристоф Фројнд откри дека ја одбил понудата на Челзи да ја преземе функцијата спортски директор во лондонскиот клуб.

Фројнд со големи успеси ја извршува оваа функција во редовите на Салцбург, бидејќи на клубот му донел приход од 500 милиони евра од продажбата на играчи. Според британските медиуми тој бил на работ на договор со Челзи, но на крајот одлучи да остане во Салцбург.

„Кога ќе се јави толку голем клуб, тоа не е само чест за мене, туку и за Салцбург. Разговаравме, но мојата одлука е да останам во Салцбург. Промена на средината и клубот не е опција за мене“, објасни Фројнд.

Челзи турболентно ја започна новата натпреварувачка сезона, а сметката за тоа ја плати Томас Тухел, кој доби отказ од менаџерската функција.