Мрме за проблемите на мак-фудбалот: Ако играч се издвојува, веднаш размислува за странство!

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски во интервју за српските медиуми се осврна на повеќе теми. 

<<< - ПОВРЗАНО - Ангеловски: Кога Пандев зборува за фудбалот, мора да молчиш и слушаш!

Меѓу нив, предводникот на националниот тим зборуваше и за квалитетот на македонските лиги. Мрме го посочи главниот проблем поради која има голема разлика на клупските и репрезентативните резултати на меѓународно ниво. 

„Причината за таквата ситуација е следната: Ако некој играч барем малку отскокнува и се издвојува во лигата, сака да ја искористи секоја шанса и својата кариера да ја продолжи во странство, каде што има шанса да се истакне со својата работа и знаење. Кога на тоа ќе се додаде исклучително лошата инфраструктура на терените во ПМФЛ и ВМФЛ, како и помошните објекти, разликата е јасна“, нагласи селекторот.

Ангеловски се осврна и на повиците за играчи од домашното првенство, кои ги имаше во претходните квалификациски дуели и мечевите од Лигата на нациите лани. Тој нагласи дека „добитната формула“. 

„Во најдобрата селекција сега беа само Радески и Бејтулаи. Мене ми е мило што го исполнувам тоа што го ветив на македонската јавност. Реков дека ќе направам микс на младост и искуство. Овие играчи веќе долго играат заедно и како резултат на тоа следеше пласман на Европско првенство. Кога ќе ја исполните целта која сте ја зацртале, имате причина да бидете горди и среќни“, изјави Ангеловски. 

За волја на вистината, македонскиот клупски фудбал е далеку под нивото кое го пробива репрезентативниот. Иако Вардар блесна и играше во групната фаза во Лигата на Европа, а Шкендија неколкупати се „сопна“ на последната пречка, останува впечаток дека нивото не е исто.