Деби-победа за Ангеловски во дуелот на поранешните македонски селектори на Кипар

Фудбалерите на Етникос Ахна победија во натпреварот против Красава во шампионатот на Кипар со минимални 1-0. 

Овој дуел беше специфичен, бидејќи на двете тренерски клупи седеа двајца поранешни селектори на Македонија, Игор Ангеловски и Чедомир Јаневски. За популарниот Мрме ова беше и дебитантски натпревар на клупата на новиот клуб, па тргна триумфално во новата авантура на Кипар. 

Натпреварот беше решен со голот на Ломотеј во 77. минута од средбата. 

Етникос се наоѓа на петтото место по шест рунди во шампионатот со 11 бода, додека Красава е три позиции подолу со седум.