Мрме ќе ги собере фудбалерите еден ден во Скопје, потоа се „лета“ за Израел

Фудбалската репрезентација на Македонија во септември ја чекаат два гостински натпревари во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020 година, па веќе се крои и планот за подготовки.

Предводникот на А-тимот, Игор Ангеловски, ќе достави покани до фудбалерите на 18 август, додека конечниот список ќе се објави на 24 или 25 август. Потоа, ќе следи еднодневен собир во Скопје со дел од фудбалерите, а на 3 септември се лета за Израел каде „црвено-жолтите“ ги очекува првиот од двата меча.

Дел од фудбалерите кои имаат клупски обврски нема да пристигнат во Скопје, туку ќе летаат директно во базата во Израел. Во Скопје ќе се биде само еден ден, а ќе се одработи и еден тренинг.

Натпреварот меѓу Израел и Македонија се игра на 5 септември на стадионот „Тарнер“ во Беер Шева, додека четири дена подоцна следи гостување кај Летонија на стадионот „Даугава“ во Рига.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 4 4 0 0 8:0 8 12
2 ИзраелИзраел 4 2 1 1 8:7 1 7
3 АвстријаАвстрија 1 4 2 0 2 7:6 1 6
4 СловенијаСловенија 1 4 1 2 1 7:3 4 5
5 МакедонијаМакедонија 2 4 1 1 2 5:7 -2 4
6 ЛетонијаЛетонија 4 0 0 4 1:13 -12 0