• Мартин Танасковски

Игор Ангеловски и неговата Горица доживеаја нов пораз во ХНЛ-лигата и остануваат главни кандидати за испаѓање од елитата. Некогашниот селектор на Македонија не успеа да го добие дуелот со Хајдук, а по мечот говореше за изданието.
Истовремено, Ангеловски кажа нешто и за неговата иднина во ХНЛ-лигата. Кажа дека има доверба од раководството и во иднина ќе работи две функции, покрај тренер ќе биде и спортски директор.
„Се договорив со претседателот, добив доверба дека покрај функцијата на тренер, ќе работам и како спортски директор. Мислам дека Хајдук заслужи да победи, посебно со играта во второто полувреме. Шест бода во фудбалот може да се стигнат, не смееме да се предадеме, имаме уште 22 меча до крај. ХНЛ никогаш не била поизедначена. Горица во ниту еден меч не беше инфериорна, туку во сплет на околности загуби бодови“, изјави Ангеловски.
Следен натпревар за Ангеловски е дуелот против Славен Белупо. Хрватските медиуми велат дека овој натпревар е од клучно значење за иднината на некогашниот селектор на Македонија во тимот на Горица, меѓутоа, актуелната ситуација вели нешто друго.