Мрме: Честитки Аријан, издржа лавовски – ќе ми фали дружбата со тебе!

Аријан Адеми, македонскиот фудбалски репрезентативец доби достојно заминување од Динамо Загреб. Големиот борец на средината на теренот по цели тринаесет години се раздели со хрватскиот гигант и кариерата ќе ја продолжи во Кина, во редовите на Пекинг Гуан.

<<< ПОВРЗАНО - Спектакл во чест за Адеми: Збогум, легендо, збогум капетане! (ВИДЕО)

<<< ПОВРЗАНО - Адеми: Му благодарам на мојот брат Стефан, ова не е збогум – туку само довидување!

Искусниот фудбалер во неделата го одигра својот последен натпревар за „модрите“ и од „Максимир“ беше испратен со овации, а честитки за феноменалната кариера во Динамо доби и од поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски.

„Честитам Аријан. Тринаесет години во Динамо, падови и подеми, но издржа лавовски. Уште еднаш го покажа твојот карактер. Најтрофеен играч во историјата на Динамо со 373 настапи, тоа не е мала работа. Искрено ќе ми фали дружбата со тебе, но знам дека ова не е збогум - туку до следно видување. Од срце ти посакувам успех во Кина“, напиша Мрме на социјалните мрежи.

Ангеловски од трибините на „Максимир“ го следеше прошталниот натпревар на Адеми за Динамо, на кој во центарот на вниманието беше уште еден македонски репрезентативец.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Ристовски со гол ја реши Ријека и го испрати Адеми во Кина!

Стефан Ристовски со нов погодок во вториот дел донесе победа на „модрите“ над Ријека.

Состави

Sandro Perkovic

3-5-2

    Darko Raic Sudar

    4-4-2