• Саше Љолес
Белградска Црвена Звезда доживеа голем шок пред своите гледачи откако загуби со конечни 0-2 од израелскиот првак Хапоел Беер Шева во реваншот од квалификациите за Лигата на шампионите.
Српскиот претставник имаше негатива од еден гол по првиот меч, но вечерва прикажа бледо издание и мораше да се помири со болен пораз и елиминација од елитниот ранг на УЕФА.
Хапоел одигра одлично и го завери триуфот со погодоците на Игор Златановиќ и Џавон Ист, кои стрелаа по еднаш во второто полувреме. Не можеше тимот на Дејан Станковиќ да се врати од големиот удар на ривалот, по што го „положи оружјето“ и сега ги насочува мислите кон плеј-офот во Лига Европа.
Амбициите на белградскиот клуб беа големи, се очекуваше дека реваншот ќе донесе радост кај навивачите, но Хапоел покажа дека е квалитетен тим и сосема заслужено закажа двомеч со сензацијата од Азербејџан, Сабах Баку.





