Мрак на „Пољуд“: Динамо Загреб слави средe Сплит и покажа кој е кој во Хрватска!

Хрватскиот фудбалски шампионат е пред нова супер-неизвесна завршница, во која во трката за трофејот ќе учествуваат три екипи. Хајдук вечерва имаше шанса да го остави Динамо Загреб со намали шанси во таа трка, но шампионот уште еднаш покажа кој е кој во Хрватска и среде Сплит слави огромна победа од 0-1 (0-1).

  • Извештај од натпреварот:

Творец на големите три бода на „модрите“ е Бруно Петковиќ, кој противничката мрежа ја стресе во финишот од првиот дел, на асистенција на Габриел. Со оваа победа Динамо Загреб го престигна Хајдук на првенствената табела и со 57 бода се искачи на третата позиција. Тимот од Сплит падна на третата позиција со 55 бода, додека лидер е Ријека со 62 бода, но има еден натпревар повеќе од шампионот.

На преполниот „Пољуд“ на терен истрчаа двајцата поранешни репрезентативци на Македонија, Стефан Ристовски и Аријан Адеми, додека Александар Трајковски не доби шанса за Хајдук.

Состави

Џенаро Гатузо

4-5-1

    Фабио Канаваро

    4-4-2