ВИДЕО: Може ли турско дерби без инцидент? Адебајор брутално истуркан од играч на Галатасарај

Екипата на Галатасарај ја запиша посакуваната победа во клучниот натпревар од сезоната во турската Суперлига, откако пред својата публика со пресврт од 2-1 славеше над Истанбул Башакшехир и ја одбрани титулата во домашниот шампионат. 

Како и секое турско дерби, така и вечерашното, не можеше да помине без тензии и инциденти. Најголемиот испад се случи во финишот, кога во една мешаница покрај аут-линијата, Адебајор го извлече најдебелиот крај, откако брутално беше истуркан на клупата за резерви од страна на фудбалерот на Галатасарај, Исмаил Чипе. 

  • Инцидентот на турското дерби: 

Со победата од 2-1 Галатасарај на едно коло до крајот на турскиот шампионат и официјално е шампион.