Може ли ветеранот Јилмаз уште еднаш да биде кобен за „лалињата“?

Искусниот и трофеен стручњак Луис ван Гал успешно го започна својот трет мандат на клупата на холандската репрезентација. „Лалињата“ прво одиграа 1-1 на многу незгодното гостување во Норвешка, а потоа ја декласираа Црна Гора со 4-0, која неколку дена претходно ремизираше против Турците, иако по половина час губеше со 2-0.

Сите квоти за натпреварот меѓу Холандија и Турција

Тој натпревар потврди дека постои разлика помеѓу талентот и концентрацијата кај тимот на Шенол Ѓунеш, па иако тие пристигнаа во Амстердам како лидери во групата Г со бод предност пред „лалињата“ и Норвежаните, Турците на тревникот на арената „Јохан Кројф“ ќе истрчаат со многу вознемиреност во срцата и трема во нозете. Всушност, главната задача на Ѓунеш ќе биде да ги потсети своите момци дека пред неполна половина година, на самиот почеток од квалификациите за Светското првенство, тие целосно ги надиграа Холанѓаните и ги победија со 4-2, односно дека домаќинот не е непобедлив. Сепак, тоа нема да биде првпат селекцијата на Турција да се распадне под притисок – само запомнете како поминаа на овогодишното ЕВРО.

Квоти за останатите натпревари од квалификациите за Светското првенство

Можеби најсилниот адут на гостите е свежината, бидејќи Ѓунеш во саботата одмори неколку стартери против Гибралтар или ги држеше на теренот едно полувреме. Што се однесува до Холандија, одбраната треба да ја командува стоперот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, кој го прескокна натпреварот со Црна Гора поради повреда на прстот, здобиена во дуелот со Норвежанецот Ерлинг Халанд. Само неговото присуство ќе им донесе мир на „портокаловите“, а ние веруваме дека тие ќе имаат двојна добивка: пробив на чело на групата и одмазда на Турците. Исто така можно е 1&3+.