Може ли Манџукиќ да го тргне „проклетството“ на деветката во Милан?

Во фудбалскиот свет, дресот со број девет има одредена тежина, пред сè бидејќи многу често го носат центарфорите кои се стрелци на бројни погодоци. Како и секаде, на ист начин функционира сè и во Милан, но во овој тим од 2012 година навака магијата на „деветката“ ја нема. 

Дресот кој во минатото го носеа врвни фудбалери, во кризата го облекоа дури деветмина. Сепак, по Пипо Инзаги ниту еден од нив не успеа да се наметне и докаже. Преку Александре Пато, па Алесандро Матри, Матиа Дестро, Фернандо Торес, Луис Адриано, Џанлука Лападула, Андре Силва, дури и Гонзало Игуаин и Кшиштоф Пјонтек, со „деветката“ на грбот не се прославија. Вкупно, на 190 натпревари деветките на Милан од последните речиси девет години постигнаа само 44 погодоци. 

  • Ефектот на претходните деветки во Милан: 

Сега одговорноста ќе ја презеде и Марио Манџукиќ, кој како многумина од своите претходници имаше блескава и трофејна кариера. Хрватскиот напаѓач со огромно искуство доаѓа во младиот тим на Милан, каде треба да биде алтернатива за Златан Ибрахимовиќ и да го водат клубот кон враќање на старите патеки. 

Иако дури деветмина негови претходници не успеаа во намерата, можеби токму Манџукиќ го има тоа што му е потребно за да ја врати славата на „деветката“ во Милан.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.