Може ли Манчестер Јунајтед да го изненади и Арсенал?

Манчестер Јунајтед со новиот менаџер Рубен Аморим минатиот викенд прикажа одлично издание на гостувањето кај Ливерпул и само среќата им помогна на „редси“ да освојат бод. Тоа секако ги радува навивачите на „црвените ѓаволи“, но факт е дека нивните миленици се далеку не само од првата позиција (лидерот од Енфилд има двојно повеќе бодови), туку и од борбата за Лигата на шампионите. Најстарото клупско натпреварување може да донесе утеха, ако немаше една „ситница“ – домаќин е Арсенал, екипа која до почетокот на годината играше одлично.

Избраниците на Микел Артета врзаа две неубедливи партии, на гости кај Брајтон во првенството (1-1) и против Њукасл дома во првиот меч од полуфиналето на Лига Купот (0-2). Вистина, за тоа дали поразот на оваа средба е кикс може да се дискутира поради формата на Страчките. Во секој случај навивачите на „топчиите“ моментално се незадоволни и сакаат победа, а квотите се на нивна страна.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед

И ние сме на страната на Арсенал, пред се бидејќи Манчестер Јунајтед последната победа ја забележа на средината на декемвр и тоа против градскиот ривал. Изгледаше тогаш дека Ѓаволите се на пат за опоравување, а потоа следеа нови разочарувања (освен мечот на „Енфилд роуд“). И едниот и другиот менаџер имаат слични кадровски проблеми, но на Арсенал му припадна декемврискиот дуел на овој терен, па сигурни сме дека така ќе биде и сега. Што се однесува до погодоците, тука ситуацијата е малку понеизвесна: пред неколку години беа во серија тврди партии, меѓутоа последните сезони ГГ3+ не е ретка појава. Ни се чини дека тој тип може и сега да дојде со кец.