• Иван Димовски


Пет натпревари и пет победи на стартот од сезоната, со нешто полесен распоред за Реал Мадрид. Атлетико одигра натпревар помалку и веќе успеа да загуби пет бода, бидејќи ремизира со Бетис и беше тешко поразен минатиот викенд на „Местаља“.
Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид
Пред првиот овосезонски Мадрилењо, градските ривали стартуваа и во Лигата на шампионите. Расположението е сосема поинакво: „Кралевите“ го совладаа Унион Берлин во судиското надополнување, додека Атлетико го загуби целиот плен во последните моменти во Рим, прими гол од голманот на Лацио, Проведел. Нема дилема дека тоа пред сѐ би можело да се одрази на состојбата во тимовите, а потоа секако и на епилогот од дербито...
Реал имаше премногу промашувања против Германците пред Џуд Белингем да се најде на вистинското место за да ја смести топката во мрежата. Среќата некако го „посака“ Хоселу, па веројатно Чоло Симеоне најмногу треба да се плаши од него, бидејќи тркалото на среќата се врти. Реал на тој натпревар од Лигата на шампионите покажа сериозни организациски проблеми кога налета на противник кој организирано се бранеше. И добро е познато дека Атлетико може да го направи тоа. Затоа, без разлика на сериозните осцилации во составот на Чоло, не се залетувајте по сигурна двојка и продолжување на победничката серија на момците на Карло Анчелоти, серија која трае речиси месец и половина.
Квоти за останатите натпревари во Примера
Кога се головите во прашање, традицијата вели 0-2. Така беше на девет од последните 10 средби. Исто така, на две од трите досегашни дербија на стадионот на нивниот голем ривал, Реал не успеа да го најде патот до мрежата.