Може ли Академија Пандев за првпат до три бода во Кратово?

Екипите на Силекс и Академија Пандев со меѓусебен дуел на Градскиот стадион во Кратово ќе го отворат 18. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), последно за оваа година во нашиот најквалитетен шампионат.

„Пандевци“ ја прекинаа кризата, победија по шест натпревари во лигата на тешкото гостување кај Шкупи (0-1), а сега им следи уште еден гостински натпревар, овој пат во Кратово, каде Силекс има само еден пораз.

Кратовчани во лигата имаат три ремија во низа, а ако се погледне традицијата кога се работи за меѓусебните натпревари, таа не е на страна на „пандевци“, затоа што освојувачот на Купот на Македонија кој е без најдобрите играчи поради повреда ниту еднаш досега не победил како гостин кај Силекс.

Меѓусебни натпревари на Силекс и Академија Пандев:

05.10.2019 - Академија Пандев - Силекс 2-0
04.05.2019 - Силекс - Академија Пандев 3-0
16.03.2019 - Академија Пандев - Силекс 2-0
10.11.2018 - Силекс - Академија Пандев 1-0
16.09.2018 - Академија Пандев - Силекс 3-0

Натпреварот меѓу Силекс и Академија Пандев стартува од 13:00 часот, а главен судија ќе биде Константин Влахо од Скопје. Академија Пандев е на третата позиција во ПМФЛ со 27 бода, додека Силекс е четвртопласиран со 24 бода.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15