Моу крои тим со Ибра, Бејл, Диаз...: Како Тотенхем може да изгледа во 2020?

Жозе Мурињо го презеде Тотенхем од Маурицио Почетино, па веќе почна да мисли на тимот и како „петлите“ ќе изгледаат во иднина.

Сигурно е дека во јануари ќе следат промени, иако Мурињо најави дека нема да прави драстичен рез во тимот. Веќе почна да се шпекулира околу новите имиња, а најжешка тема е Златан Ибрахимовиќ кој си замина од Лос Анџелес Галакси и е слободен агент.

Тука е и Герет Бејл, кој е незадоволен во Реал Мадрид веќе подолго време, а Тотенхем му е добропозната средина, додека со трансфер во лондонскиот премиерлигаш се поврзуваат и две имиња од Португалија - Бруно Фернандез од Спортинг и Рубен Диаз од Бенфика.

Тотенхем е во резултатска криза и е бледа сенка на тимот што беше лани. Мурињо ќе има за задача да го врати тимот на стариот пат и да влезе во борба за место во Европа.