Мота замина од Болоња, преминот во Јувентус е прашање на часови

Тиаго Мота официјално ја напушти Болоња и многу наскоро ќе започне нов сериозен тренерски предизвик во кариерата. Бразилецот со италијански пасош оствари огромен успех и го однесе тимот во Лигата на шампионите, а медиумите на големо пишуваат дека е многу близу до договор со Јувентус. 

Перспективниот тренер работеше во Болоња од 2022 година, а сезонава ги мина сите очекувања и избори учесво во елитниот ранг на УЕФА. Одамна за него беа заинтересирани многу европски клубови, но се чини дека трансферот на Мота во Јувентус е само прашање на часови. 

Оваа информација стигна од повеќе релевантни медиуми, вклучително и од новинарот Фабрицио Романо. 41-годишниот Тиаго Мота како играч настапуваше за Барселона, Атлетико Мадрид, Интер и ПСЖ, а тренерската кариера ја започна во екипата на Џенова. Потоа замина во Специја, од каде пристигна во Болоња. 

Доколку потпише договор со Јувентус, тоа за него ќе биде прво преземање на еден од италијанските гиганти и ги отвора вратите за многу големи успеси во кариерата.