• Мартин Танасковски
Екипата на Болоња ја затвори сезоната во Серија А со гостински пораз од Болоња (0-2), во последниот натпревар кој Тиаго Мота го водеше како тренер.
Болоња ќе игра во Лигата на шампионите, но тренерот заминува. Следна дестинација ќе му биде торински Јувентус кој бараше нов тренер по разделбата со Алегри и го најде во сензацијата во калчото.
Џенова постигна по еден гол во двете полувремиња и така си ја заврши задачата на домашен терен. Првиот гол го даде Малиновски во 13. минута, додека вториот го даде Витиња во 59. минута по асистенција на Гудмунсон.
- Извештај од натпреварот:
Болоња ја заврши сезоната на четвртото место во Серија А, додека Џенова е единаесетта.