Мота: Примивме два гола од безопасниот Милан, мора да го подобриме карактерот

Јувентус трета година по ред е без шанса да се бори за трофејот во Суперкупот на Италија. Синоќа во Ријад водеше со 1-0 против Милан, но две невниманија во финишот ја чинеше „старата дама“ елиминација.

По поразот од 1-2, тренерот Тиаго Мота жали за неискористените шанси и призна дека неговиот тим мора да го подобри карактерот доколку сака да победува на вакви натпревари.

„Не можеме да бидеме среќни со она што го одигравме на овој натпревар. Имавме шанси и не ги искористивме. Примивме два гола, иако Милан направи многу малку.

Мораме да се подобриме во карактерот, да реагираме дури и при вакви ситуации. На овој натпревар не успеавме да го направиме тоа“, рече Мота.

Јувентус натпревар за трофејот во Суперкупот на Италија последен пат играше во 2021 година, а една година претходно триумфираше во ова натпреварување.