Мота е под притисок во Џенова, Пандев застана во негова одбрана

Екипата на Џенова под водство на Тиаго Мота не игра според планот и повторно е во опасната зона, а италијанските медиуми велат дека тренерот е под притисок и можно е во скоро време да добие отказ.

Џенова има само две победи во Серија А или една под водство на Мота. По доаѓањето на Бразилецот, тимот нема триумф веќе шест кола, а клучен ќе биде дуелот со Лече. Сепак, фудбалерите се на страната на Мота, а еден од оние кои застана во негова одбрана е македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев.

„Мислам дека мора да бидеме малку релаксирани во овој тежок период за нас, во кој не ни оди ништо од рака. Мора да се трудиме да даваме што е можно повеќе голови, потребно е малку време да се навикнеме на новиот тренер“, изјави Пандев.

Доколку дојде до промена, Мота ќе биде третиот тренер на Џенова кој „настрада“ оваа сезона, или вкупно шести во последните две години.