• Саше Љолес
Фудбалерот на Астон Вила, Морган Роџерс, официјално е избран за играч на сезоната во второто најквалитетно натпреварување на УЕФА, Лига Европа.
Англичанецот прикажа феноменални партии во дресот на својот клуб и забележа учинок од три гола и пет асистенции на вкупно петнаесет одиграни натпревари, а воедно постигна погодок и во финалето против Фрајбург, каде неговиот тим славеше со убедливи 3-0.
UEFA Europa League Player of the Season: Morgan Rogers
#UEL | @AVFCOfficial pic.twitter.com/XZioO9uvZv— UEFA Europa League (@EuropaLeague) May 21, 2026
Астон Вила го освои првиот европски трофеј после 44 години, носејќи огромна радост за своите навивачи, а воедно избори и пласман во Лигата на шампионите.


