Морган не мисли на заминување, го продолжи договорот со Лестер Сити

Вес Морган, еден од неколкумината фудбалери од шампионската сезона на Лестер Сити кои не го напуштија клубот, се реши да го продолжи својот престој на „Кинг Пауер“ и потпиша нов договор со „лисиците“. 

Искусниот дефанзивец својата верност кон Лестер ја продолжи на уште нови 12 месеци, односно до јуни 2020 година. По новиот потпис, Морган изјави дека е среќен што клубот сè уште верува во него. 

„Заедно сме минале многу успеси и падови. Среќен сум и горд. Во овој проект на Лестер гледам светла иднина, затоа се решив да го продолжам договорот“, рече 35-годишниот поранешен репрезентативец на Јамајка

Морган цели седум години е капитен на Лестер, а изминатиов викед го одигра својот 700-ти натпревар за овој клуб. Тој во 2016 година беше дел од најголемата сензација во поновата фудбалска историја на Англија - освојувањето на Премиер лигата со Лестер, а таа сезона ги одигра сите 38 натпревари.