Мората повторно во дресот на Јуве: „Моќта на овој клуб е што функционира како семејство“

По успешно минатите медицински прегледи, доцна синоќа Алваро Мората и официјално стана старо-нов фудбалер на Јувентус. По заминувањето на Гонзало Игуаин во Интер Мајами, јасно беше дека Јуве ќе доведе свежа крв во својот напад, а изборот на Андреа Пирло падна на одличниот шпански репрезентативец.

Јувентус ќе плати девет милиони за едногодишна позајмица, а следното лето ќе има опција да го купи Мората за 45 милиони. Доколку не се реши на овој чекор, Јувентус има право да го доведе фудбалерот на уште една позајмица.

„Две мои претходни години во Јувентус беа фантастични. Кога пристигнав тука бев момче, а си заминав како вистински фудбалер. Моќта на овој клуб е што функционира како семејство - заедно се радуваме и заедно тагуваме“, изјави Мората.

Мората со Јуве на Алегри освои две скудета и играше финале на Лигата на шампионите, каде и покрај тоа што постигна гол, Јуве загуби од Барселона во Берлин со 3-1. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.