Мората и официјално останува уште една година во Торино

Мората

Јувентус ја плати сумата од десет милиони евра на Атлетико Мадрид и го задржа Алваро Мората уште една сезона.

Шпанскиот напаѓач ќе биде опција за Масимилиано Алегри во претстојната сезона. Заедно со Кристијано Роналдо и Дејан Кулушевски ќе се обиде да го врати тимот на врвот во италијанското првенство.

Наредното лето „старата дама“ ќе може да ја активира опцијата целосно да го откупи. За да го ангажира 28-годишникот ќе мора да плати триесет милиони евра.

Мората постигна дваесет гола во дресот на Јуве во изминатата сезона, што е најголема бројка во неговата кариера, кога се во прашање најсилните пет европски лиги.