Монтела: Донарума заслужува да го чекаме!

Сагата околу младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума продолжува. Иако првобитно Донарума одби да потпише нов договор со Милан, според најновите изјави од неговиот агент, сепак можно е да дојде до продолжување на соработката со „росонерите“.

И тренерот на Милан се надева дека Донарума ќе остане на „Сан Сиро“ и во наредната сезона.

„Имам прекрасен однос со неговта фамилија. Тие се едноставни луѓе кои имаат добри човечки особини. Донарума заслужува да го чекаме и се надевам дека ќе го одбере Милан. Голманот е многу важен дел за тимот“, изјави Манчини

Договорот на Донарума истекува во 2018 година, а по одбивањето да го продолжи, младиот италијански чувар се најде на мета на навивачите на Милан.