ВИДЕО: Монпелје со атрактивна „паненка“ го понижи Лион

Француски Монпелје продолжи да игра во добра форма, со втора победа во низа, овој пат над Лион (2-1) се искачи во горниот дел на табелата по три одиграни кола во Лига 1.

  • Голот на натпреварот - атрактивната „паненка“:

Домаќинот приреди изненадување за фаворитот на хартија, но вреди да се напомене дека Лион половина натпревар беше со играч помалку. Играч на натпреварот беше офанзивецот Тежи Савани, кој постигна два гола во мрежата на Лопез.

И тоа првиот беше навистина атрактивен. Во 38. минута Монпелје доби пенал, а Савани изведе атрактивна „паненка“ и го понижи противникот. Во 44. минута Ауар доби директен црвен картон, а во 59. минута Савани стрелаше по вторпат откако го искористи празниот простор во одбраната на „лавовите“.

До крајот на мечот Лион можеше да постигне најмалку еден гол од игра, ама не успеа. Мемфис Депај, најдобриот играч на тимот, започна од клупата за резерви, а во вториот дел се запиша во листата на стрелците од пенал во 82. минута, со помош на ВАР-технологијата и црвен картон за невнимателниот Хилтон кој стартуваше со отворена копачка.

Монпелје е петтопласиран во Лига 1 и во следната рунда е фаворит со Анжер, додека Лион две кола по ред нема триумф и ќе оди на мегдан со Ним.