ВИДЕО: Монца во 93. минута го сопна Интер во калчото!

Фановите на Интер веќе си ја впишаа победата над Монца, но ривалот не мислеше така затоа што со гол во екстра-времето дојде до бод (2-2) против големиот фаворит на хартија.

Тимот кој е предводен од Берлускони и Галијани, практично, одигра за нивниот поранешен тим Милан и го сопре градскиот ривал. Монца е пријатно изненадување во Серија А сезонава, затоа што по 17 кола е далеку од опасната зона и од борбата за опстанок.

  • Извештај од натпреварот: 

Интер скоро цел меч имаше предност, но на крај мораше да се задоволи само со бод. Два брзи гола во две минути на Дармијан и Курија донесоа 1-1, а во 22. минута Лаутаро Мартинез ја врати предноста за „нераѕурите“. И мечот беше под контрола се до 93. минута, кога дефанзивецот Калдирола погоди за 2-2. Монца потоа притискаше и за целосен пресврт, ама Интер се одбрани.

Интер е четврти во Серија А и направи чекор назад во потерата со Наполи. Монца е 14-та на табелата.

Состави

Салваторе Бокети

3-4-2-1

    Симоне Инзаги

    3-5-2