• Мартин Танасковски

Италијанскиот дефанзивец Андреа Ранокија ќе има нов клуб во новата сезона затоа што прифати трансфер во редовите на новиот калчолигаш Монца.
34-годишникот цели 12 години беше во Интер, а имаше и улога на капитен на теренот во повеќе наврати. Стоперот по истекот на договорот замина во тимот кој обезбеди промоција во Серија А, а е предводен од некогашното миланско дуо Берлускони и Галијани.
Ранокија беше дел од Интер од 2010 година. Во меѓувреме беше на позајмици во Џенова, Сампдорија и Хал Сити, а претходно играше за Бари и Арецо. Дефанзивецот има и 21 настап во дресот на Италија.