• Горан Упале
![](https://www.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/2024/12/09/udineze.jpg?itok=wpc99qny)
Фудбалерите на Удинезе го совладаа тимот на Монца како гости со 1-2, во последниот натпревар од 15. коло на италијанската Серија А. Избраниците на Коста Руњаиќ вечерва ја прекинаа серијата од пет натпревари без победа против екипа која ја продолжи серијата на лоши резултати.
„Зебрите“ поведоа веќе во шестата минута од натпреварот, откако по одличниот центаршут на Земура од левата страна, Лоренцо Лука беше на вистинско место и го постигне својот петти гол во досегашниот дел од италијанското првенство (0-1).
Монца одговори веднаш на стартот од вториот дел, едвај мина минута во продолжението кога Јоргос Киријакопулос одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и ја затресе мрежата на немоќниот Сава (1-1).
Се чинеше дека момците на Алесандро Неста можат да избегнат пораз на домашен терен, но во 70. минута се појави Јака Бијол, кој по додавањето на Екеленкамп, го совлада Турати и го постави конечниот резултат (1-2).
- Извештај од натпреварот:
Удинезе по вечерашната победа се искачи на деветтата позиција на табелата во Серија А со 20 бода, додека Монца е претпоследна со 10 бода.