ВИДЕО: Монца на Дон Берлускони на чекор до историја и Серија А!

Екипата на Монца забележа голем резултат и со домашна победа над Пиза (2-1) во финалето од плеј-офот гледа кон историско место за првпат во постоењето во Серија А следната сезона.

Славните италијански бизнисмени Силвио Берлускони и Адријано Галијани направија империја во минатото со Милан, а по разделбата со „росонерите“ во 2018 година ова дуо заедно ја презеде Монца и оттогаш тргна растот на екипата која некогаш беше во најниската лига поради финансиски проблеми и никогаш нема играно во елитата.

Дуелот во Монца беше одличен за домаќинот кој ги искористи шансите. Уште во 9. минута од натпреварот, Дани Мота по една контра реализира донесе предност за Монца, а во второто полувреме се играше 74. минута кога еден од најдобрите и главни фудбалери, Данецот Гиткјаер, со глава зголеми на 2-0. Се играше самиот финиш кога Пиза преку Бера во 93. минута ги постави конечните 2-1.

Реваншот во Пиза кој ќе го даде учесникот во Серија А е закажан на 29 мај.

Состави

Рафаеле Паладино

3-5-2

    Rolando Maran

    4-3-1-2