Монако треба да се чува од Украинците, односно од Бразилците

Не знаеме што да мислиме за Монако. Играчкиот кадар не претрпе драстични промени за време на летната пауза, но бевме прилично изненадени од заминувањето на Стеван Јоветиќ во Херта, без надомест, бидејќи капитенот на црногорската репрезентација со шест гола и една асистенција минатата сезона даде значаен придонес во освојување на третото место во Лига 1. На местото на поранешниот голгетер на Партизан, „кнежевите“ го донесоа единаесет години помладиот Мирон Боаду од АЗ Алкмар, но момчето родено во Амстердам не ги помина подготовките со новиот тим и прашање е колку време ќе му треба за да се вклопи.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Монако - Шахтјор

Кога станува збор за подготовките, Монако се претстави добро на контролните натпревари, како и против Спарта Прага во претходното коло од квалификациите за Лигата на шампионите (3-1 и 2-0), но подготви две разочарувања за навивачите во шампионатот - прво одигра 1-1 со Нант дома, а потоа загуби од Лориент со 1-0. Оттука произлегува нашата неодлучност од почетокот на текстот, која е засилена со фактот дека пред Страхиња Павловиќ и останатите пулени на Нико Ковач се наоѓа бразилска колонија која се претставува како Шахтјор. Ги има тринаесет, а последните два во низа, стоперот Марлон и десното крило Педрињо беа донесени од Сасуоло ова лето (во пакет со тренерот Роберто де Зерби), односно Бенфика.

Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите

Вториот би требало да дебитира за „Луј Втори“ и од него се очекува да „храни“ со топки уште еден дебитант Ласино Траоре, кој минатата сезона се истакна во Ајакс (12 голови и исто толку асистенции). Други Бразилци и некои Украинци веќе долго време се меѓу „рударите“ и тоа е дополнителен плус за нив, затоа во никој случај не трчајте по кецот, подобро да барате голови и во двете мрежи и во двете полувремиња.