Монако сонува титула, Лион го брка последниот воз за „топ 3“

Пред стартот на сезоната не се очекуваше дека ќе биде така, но фото-финишот ќе реши кој ќе биде шампион на Франција. Лил најмногу се прашува затоа што има бод повеќе од ПСЖ, а два од Монако. Избраниците на Кристоф Галтије завршија голем дел од работата со пресвртот во дуелот против Лион, кога од 0-2 дојдоа до 3-2, а сега на испит е Монако.

Сите квоти за натпреварот меѓу Монако и Лион

Кнезовите ги дочекуваат гостите чија самодоверба е разнишана поради два порази во низа, па со шест бода помалку од Лил се во најлоша позиција меѓу водечките четири тима. Не само кога се работи за тронот, туку и за пласманот во Лигата на шампионите. Затоа победата во Монте Карло ќе им биде императив, но тоа воопшто нема да биде лесно ако се земе предвид последната средба на фудбалерите на Лион и Монако.

Пред нешто повеќе од недела дена црвено-белите со головите на Бен Једер во 54. и Воланд во 61. минута како гости славеа со 2-0 во четвртфиналето на францускиот Куп. Сепак, ако се гледа лигата, Лион во првиот дел од сезоната беше убедлив, исто така на свој терен. Веќе во првото полувреме беше 4-0, на крајот 4-1. Кнезовите ќе се обидат да се одмаздат за тој пораз, како и за оние 0-3 во последната пресметка на овие тимови на стадионот „Луј Втори“.

Квоти за сите останати натпревари во Лига 1

Иако моментално не е во форма, Лион се храбри со серијата без пораз на гостувањата, која трае уште од септември минатата година. Монако, сепак, моментално е во подобра низа, а таа гласи седум победи во серија. Поради тоа, Стеван Јоветиќ и соиграчите се фаворити во овој меч.