ВИДЕО: Монако со ужасен кикс му подари бод на Тулуз

Екипата на Монако беше на прагот на победа, но во финишот ја испушти и мора да се задоволи со реми против Тулуз (1-1) на отворањето на 25-тото коло од француската Лига 1.

„Кнезовите“ беа скоро цел натпревар во плус, но со ужасен кикс во финишот ја прокоцкаа победата. Одличната форма ја продолжи Минамино, со гол за Монако во 17. минута, а потоа тимот имаше се под контрола, се до влезот на екстра-времето.

Одбраната на Монако од една безопасна ситуација киксираше, во киксот учествуваше и голманот Мајецки, а тоа го казни Магри кој во 91. минута израмни на 1-1. Монако тешко заздрави од шокот, можеше да прими и втор гол во екстра-времето.

Монако е четврти во Лига 1 со 44 бода, додека Тулуз е осми со 34 освоени бода.