• Саше Љолес
Екипата на Монако оствари важна победа и славеше над Олимпик Марсеј (2-1) во натпреварот од 28. коло на француската Лига 1.
- Извештај од натпреварот:
За тимот од кнежевството ова беше петнаесетти триумф сезонава (седми во низа), со кој стигна до исто бодовно салдо со денешниот ривал (49), а воедно се „замеша“ и во посериозна битка за пласман во Лигата на шампионите.
Првото полувреме не понуди погодоци, а потоа Монако успеа да ја начне гостинската мрежа во 59. минута, кога прецизно стрелаше Русинот Александар Головин. Предноста ја удвои Флориан Балогун, кој ја затресе мрежата петнаесет минути подоцна и тоа со спектакуларен гол кој може да кандидира за наградата „Пушкаш“, а конечните 2-1 беа дело на Амин Гуири.
Алжирецот го постигна почесниот погодок за гостинскиот тим, кој немаше сили за целосен „кам-бек“ и барем еден освоен бод на ова гостување.
Во следното коло, Монако ќе гостува кај екипата на Париз ФЦ, а Олимпик Марсеј на домашен терен ќе го пречека тимот на Мец.








