ВИДЕО: Монако со пресврт кај Клермон до ново славје во Лига 1

Фудбалерите на Монако продолжија со добрите резултати и во осмото коло на француската Лига 1 се радуваа на гостувањето кај Клермон со 1-3 (1-1). „Кнезовите“ иако имаа негатива, со пресврт прокнижија нови бодови во првенството. 

  • Извештај од натпреварот: 

Само шест минути му беа потребни на домаќинот да поведе во оваа средба. Мохамед Бајо стрелаше за 1-0 во шестата минута, по асистенција од Н'Симба. Иако Монако не играше на задоволително ниво, Висам Бен Једер реализираше од единствената вистинска шанса во првиот дел, па од 25. минута на семафорот стоеја 1-1. 

Во продолжението се очекуваше реакција на Клермон, ама Кевин Фоланд не дозволи такво нешто. По само три минути игра во продолжението, Монако дојде до пресврт и водство. До крајот на дуелот домашните немаа сили за кам-бек иако во неколку наврати ги тестираа можностите на голманот Нубел. Точка на дуелот стави Софиан Диоп, откако во 91. минута ги постави конечните 1-3. 

Состави

Pascal Gastien

4-4-2

    Филип Клеман

    4-4-2