Монако со одушевување ја претстави ѕвездата на Јунајтед, но набрзо ја избриша веста! 

Андер Херера пред неколку дена и официјално објави дека нема да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и ова лето ќе ги промени клупските бои. 

Веќе се шпекулира дека негов нов клуб ќе биде ПСЖ, но синоќа, Монако на Твитер со одушевување го претстави како прво летно засилување, но набрзо ја избриша таа вест. 

„Задоволни сме што можеме да соопштиме дека постигнавме договор со Херера. Добредојде во клубот, Андер“, пишуваше на твитот на Монако. 

Но, за краток период веста беше избришана, и ги остави фановите со прашалници – дали има вистина во оваа приказна или само е некој вид на шега.