• Мартин Танасковски
Екипата на Монако продолжи да води битка за Лигата на шампионите со гостинската победа кај Сент-Етјен (1-3), кој, пак, се бори за опстанок во елитата.
Кнезовите до победата дојдоа во второто полувреме, кога мораше да тргнат на се или ништо откако примија гол. Уште во 2. минута Аклиуче донесе 0-1 за Монако, а Сент-Етјен израмни преку Давиташвили во 65. минута.
Само две минути подоцна, Монако ја врати предноста преку Ал Мусрати, а точка на победата стави Балогун во 78. минута од мечот во Сент Етјен.
Претходно, Тулуз освои три бода на домашен терен против Рен (2-1). Стрелци за Тулуз беа Гбохо и Донум, а за гостинот единствен стрелец беше Калимуендо.