ВИДЕО: Монако скокна на второто место, незгоден пораз за Марсеј кај Рен

Рен

Олимпик Марсеј загуби на теренот на Рен со 2-0 и падна на третата позиција во Лига 1. Домашниот тим уште во првиот дел двапати го совлада противничкиот голман и си ги отвори кон четвртата позиција која носи групна фаза во Лига Европа.

  • Рен - Олимпик Марсеј 2-0: 

Киксот на тимот од „Велодром“ го искористи Монако кој славеше над Брест (4-2) и стигна до посакуваното второ место. Изненадувачки гостинската екипа ги постигна воведните два гола на мечот. Потоа на сцена стапи Бен Једер кој со хет-трик го комплетира пресвртот, кој го потврди Воланд во завршницата од натгпреварот.

  • Монако - Брест 4-2: 

Пораз запиша и Нива на дуелот со Лил (1-3) со кој падна за две места и моментално не е во позиција да игра во еврокуповите наредната сезона.  Во долниот дел на табелата позитивен резултат направи Мец на домашен терен против Анжер (1-0). Минималецот го однесе домаќинот на местото кое носи бараж за опстанок во лигата. 

  • Ница - Лил 1-3: 

Лориент се спаси со ремито кај Бордо, а Сент-Етјен ќе се надева на поволни резултати во последното коло за да игра прволигашки фудбал и наредната сезона.

  • Монпелје - ПСЖ 0-4: 

Лидерот ПСЖ немаше милост кон Монпелје и предводен од Лионел меси славеше со убедливи 0-4.

Состави

Bruno Genesio

4-4-2

    Jorge Sampaoli

    4-3-3