• Сашо Поповски

Монако во раната фаза остана без Фофана, па со човек помалку се задоволи со реми на домашниот меч против Рен (1-1) во второто коло од Лига 1. Домашната екипа промаши и пенал во првиот дел, па може да се каже дека заслужено освои барем бод.
Гостинскиот тим може да жали што пропушти прилика за победа. По еден час игра Лаборд реализира и го шокира противникот. Притисокот вроди со плод, со оглед на бројчаната предност на теренот.
- Извештај од натпреварот:
Голманот му помогна на домаќинот да израмни. Неговиот кикс му овозможи радост на Емболо во 73. минута. Статистиката беше целосно на страна на гостинскиот тим. Меѓутоа залудни беа многуте удари кон голот на Александер Нубел.