Монако раскина со Жардим, од кризата ќе се вади со нов тренер

Екипата на Монако во наредниот период ќе бара нов тренер, затоа што за време на репрезентативната пауза реши да го раксине договорот со актуелниот предводник Леонардо Жардим.

Тимот од кнежевството влезе во резултатска криза во Лига 1 и е далеку од најдобрите. Одговорноста ја презема тренерот, кој реши да побара спогодбен раскин и да го добие од страна на управата.

Жардим пристигна во Монако во 2014 година и тимот го водеше 233 пати. Од тимот му посакаа се најдобро на португалскиот тренер во кариерата и најавија дека во најбрз можен рок ќе се донесе ново име на испразнетата клупа.

Монако се наоѓа на 18 место во француската Лига 1 и има само една победа во новата сезона.