ВИДЕО: Монако преку Реал Сосиедад до нокаут фазата, елиминација за Фенербахче

Монако

Фудбалерите на Монако со денешниот триумф над Реал Сосиедад (2-1) обезбедија пласман во следната фаза од Лига Европа. Во последното коло од групната фаза тимот на Нико Ковач ќе може да ги одмори своите најдобри фудбалери, со оглед на потврдената прва позиција во групата Б.

  • Монако - Реал Сосиедад 2-1:

Сите голови на денешната средба во кнежеството беа постигнати во првиот дел. По половина час игра Кевин Холанд го отвори мечот и се најде на вистинското место. Гостинска радост во 35. минута Аднан Јанузај перфектно асистираше, а Александар Исак на рутински начин го совлада домашниот голман. Пред паузата беше постигнат конечниот резултат, кога Јусуф Фофана со глава успеа да го совлада Метју Рајан.

Киксот на шпанскиот тим во рамки од истата група го искористи ПСВ Ајндховен кој немаше проблеми против последнопласираниот Штурм (2-0). Карлос Винициус го „скрши“ одбранбениот бедем на гостите во последната минута од првото полувреме. Точка на славјето во Холандија стави 27-годишниот Брума со прекрасна завршница покрај десната статива.

  • ПСВ Ајндховен - Штурм Грац 2-0:

Во групата Д, Ајнтрахт Франкфурт ремизира на домашен терен со Антверпен (2-2) и со тоа го обезбеди местото во нокаут фазата, но си направи проблеми во борбата за првата позиција. Во вториот натпревар Олимпијакос минимално го совлада Фенербахче (1-0) и застана на два бода од бундеслигашот. Овие два тима веќе се во осминафиналната фаза, но во последното коло ќе играат за првото место во групата.

Состави

Niko Kovac

4-4-2

    Imanol Alguacil

    4-3-3