ВИДЕО: Монако потешко од очекуваното го среди Ремс и се врати на третото место

Монако

Фудбалерите на Монако одговорија на триумфот на Лион и преку Ремс (0-1) се вратија на третата позиција на табелата во Лига 1.

  • Ремс - Монако 0-1:

Тимот на Нико Ковач води голема битка за третото место, преку кое ќе игра квалификациите за место во групната фаза од Лигата на шампионите. Бен Једер ја започна победничката акција, а голот беше дело на Матазо, кој немаше проблеми од непосредна близина. Домаќинот имаше добри шанси за да избегне пораз, но не искористи ниту една.

Значајна победа издвојува Сент-Етјен, кој пред своите навивачи славеше против Олимпик Марсеј со 1-0.

  • Сент-Етјен - Олимпик Марсеј 1-0:

До крајот на францускиот шампионат преостануваат уште две кола.